ПЕРО АНТИЌ ОСТАНА СО ПРАЗНИ РАЦЕ: Судот донесе одлука да не добие ниту долар!

1041

Перо Антиќ нема да добие ниту еден долар од полицијата во Њујорк откако судот во овој американски град ја отфрли тужбата на македонскиот кошаркар, поради претерана употреба на сила при апсењето на Антиќ и неговиот екс-соиграч Табо Сефолоша, пишува порталот Екипа.

И додека Сефолоша доби милионска сума како отштета, поради фактот дека при приведувањето се здоби и со скршеница на ногата, во случајот на Антиќ судот имаше сосема поинаков став.

Имено, судијата денеска целосно ја отфрли тужбата на Македонецот со образложение дека полицаецот требал да донесе одлука во даден момент и неговата реакција воопшто не била надвор од правилата. Воедно, судијата потенцираше дека фактот што Перо Антиќ не бил повреден при приведувањето е јасен знак за запазената процедура.

„Разочарани сме од ваквата судиска одлука и сериозно размислуваме за жалба. Сметаме дека во случајов има прашања што треба да ги разреши порота, а не еден судија“ – изјави Дерек Селс, еден од адвокатите на Антиќ во овој случај.

Извор: Екипа

Loading...