Перо Антиќ се враќа во дресот на Македонија, ќе игра во квалификациите за СП!

155

Перо Антиќ, најдобриот македонски кошаркар и европски првак со Фенербахче, ќе се врати во дресот на македонската репрезентација, но само ако кошаркарите обезбедат пласман во наредната фаза од циклусот за СП 2019.

Членот на Фенербахче во интервју за „Дојче веле“ ексклузивно откри дека се појавил во Македонија поради почит кон Давитков и Гечевски и дека дал рака дека ќе игра пак за националниот тим доколку Македонија обезбеди пласман во наредната рунда.

„Народот доволно ме познава, дека јас кога ќе кажам нешто дека не го одрекувам. Дојдов во Македонија специјално по покана на Јорданчо Давитков кого многу го почитувам, новиот директор Гечевски и респект кон играчите. Пред крајот на сезоната имав повреда на листот, во совет со докторите и кондицискиот тренер одлучивме да одморам малку. Јас дадов рака, откривам ексклузивно дека ќе играм во наредната рунда ако се квалификува репрезентацијата, што не се сомневам во тоа“, изјави Антиќ.

Македонија во претквалификациите за СП 2019 ќе се соочи со Косово и Естонија, а најдобрите две репрезентации од групата ќе одат во наредната фаза.

извор:скопје24

Loading...