Петстотини Французи доаѓаат во Македонска Каменица – Фото

5616

Околу петстотини французи кои патуваат низ Европа (Europ’raid), ќе поминат и низ Македонија, а во нашата земја ќе ноќеваат единствено во Македонска Каменица, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“.

Французите ќе пристигнат денеска во попладневните часови и прва станица ќе им биде Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат школски прибор за учениците во основното училиште. Предвидено е да се оддржи и дефиле, бидејќи сите овие млади авантуристи патуваат со Пежо 205. По ноќевањето на „Еленец“, французите ќе заминат во соседна Бугарија.

Овој настан е логистички поддржан од општина Македонска Каменица.

извор:скопје24

Loading...