Писмо до „фраерот“ кој постојано го крши срцето на добрата девојка

42

Ја земаш нивната љубов „здраво за готово“.

Ја лажеш постојано, а сѐ што таа сака е да бидеш искрен.  Измислуваш секакви изговори, мали и големи лаги. Ја потценуваш нејзината интелигенција, мислејќи дека ништо не знае и ништо не разбираа.

Постојано и велиш дека треба да се смени, да биде некаква. Да биде послаба, помудра, помалку да прашува, помалку да зборува, да биде како девојките на твоите другари. Да молчи, да слуша, да не се спротиставува и да не се сомнева.

Играш игри, се јавуваш па не се јавуваш. Чекаш долго пред да одговориш на нејзината порака, додека таа чека, додека се грижи дали си добро и дали можеби згрешила нешто. И велиш дека не сакаш ништо сериозно, а се однесуваш како да сте во сериозна врска. Те има па те нема. Студен си, па топол и  најдобар.  Го земаш нејзиното срце како да е играчка, си поигруваш па го враќаш. Бараш да те заборави, а штом те заборави повторно се појавуваш. Сакаш нештата да се по старо.

Ја ставаш на последно место, а сакаш да си крал во нејзиниот живот, прв секаде, на нејзиниот пиедестал. Мислиш дека таа секогаш ќе биде тука за тебе. Ја тераш да даде се што има, да се грижи за тебе, да се грижи за вас двајцата. Без да и дадеш ни дел од тоа.

Го кршиш нејзиното срце, и ја тераш да мисли дека е нејзина грешка. Си одиш без да разговараш, заминуваш засекогаш без објаснување.

Го кршиш нејзиното срце велејќи и дека не знаеш поинаку. Се до следната добра девојка во твојот живот. Се до онаа која ќе го скрши твоето.

извор:скопјеинфо

Loading...