По синоќашната инспекција во Штипската Клиника претстои разрешување на сегашните директори

1264

По синоќашната  инспекција во Штипската клиника, комисија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, испратена лично од министерот Таравари, синоќа неколку часови правеле увид во работата на клиниката.

Инспекторите биле на ортопедија, хиругија, очни и ушни болести, на инфективно и неврологија. Според блиски извори од виденото им се слошило. Затекнале нехигиена, комплетна неодговорност и недисциплина. Ова, се надоврзува на констатацијата на Институтот за јавно здравје, во чиј годишен извештај стои дека кујната е во лоши санитарно-хигиенски услови, каде биле пронајдени и E.coli и Enterobacteriaceae.

Инспекцијата, била предводена од новиот државен секретар во министерството Владимир Милошев. Штипската Клиничка болница одамна важи за лошо организирана здравствена установа и која е типичен пример дека недостатокот на пари не е причина за тамошниот неред.

Оттука, епилогот од инспекцијата е познат, односно претстои разрешување на директорите.

Loading...