Починати две лица од Симница на инфективна во Скопје – се испитува причината за смртта

196
1

На Инфективната клиника во Скопје, починале двајца жители на гостиварското село Симница. Лицата биле донесени на клиниката во тешка здравствена состојба, по што за извесно време настапила смрт. Здравствените власти за сега само ја потврдија информацијата за случајот, но се уште нема детали за што точно се работи, која е причината за смртта, дали се работи за инфективна болест, зараза или нешто трето.

Надлежни екипи излегле на терен и се вршат детални анализи и испитувања. На инфективното одделение во Гостивар моментално нема пациенти кои се примени или се лекуваат со тешки и животно загрозувачки симптоми.
Очекуваме официјални изјави за случајот од надлежните од Скопје и Гостивар, кои ќе ги пренесеме во најбрзо време.

извор:гостиварпресс