Подгответе ситни пари: На влез во Грција има нов трошок

Пред повеќе од два месеци веднаш на самиот влез во соседна Грција патниците кои влегуваат од Македонија се соочуваат со нов трошок. На автопатот од граничниот премин „Евзони“ до Солун е поставена нова патарина.

Според информациите објавени на веб страната на грчката агенција за патишта надоместокот за моторни возила изнесува 1,80 евра. Сеуште патарината не е опремена со читачи за картички и возачите единствено може да платат со ситни евра.

Возачите кои патуваат од Македонија најчесто се соочуваат со проблем при плаќање бидејќи во себе носат само големи банкоти евра.

„Воопшто не се надевав дека веднаш по граница ќе наидам на патарина. Среќа во себе имав ситни монети евра од претходното одење во Грција. Инаку, не знам како ќе успеев да платам.“ – вели Стефан Т. од Скопје.

Инаку, надоместекот за мотоцикли е 1,30 евра, за автобуси 4,50 евра и за камиони 6,50 евра.

Loading...