ПОДОБРО ДА ОДИМЕ ВО АЛБАНИЈА НА ОДМОР, ОТКОЛКУ ВО ГРЦИЈА?!

3878
1
Албанија – нова топ дестинација на Балканот.

Албанија е земја скирена на јужниот дел од балканскиот полуостров, богата со историја и култура која, како и нашта земја, досега во вековите пред нашата ера.

Нејзините природни убавини се нешто што ќе го изненадат секој посетител што за прв пат ќе ја посети Албанија, додека нивната автентична традиција и култура е нешто што, едноставно, не може да се опише со зборови. Огромни пространства со природа недопрена од рацете на човекот, преубави планини, реки, езера и излез на две мориња – Јадранско и Јонско, со стотици километри долго крајбрежје, ретко кој може да остане рамнодушен на ваквата убавина.

Знамиња во близина на споменикот Скендербег во центарот на Тирана, меѓу кои се наоѓа и преубавото македонско знаме.

Најинтресното во врска со албанскиот туризам е во тоа што Албанија долги години беше избегнувана од туристичката мапа на светот, поради режимот кој со години владееше во оваа земја. Но, по распадот на социјализмот, оваа земја доживува еден вид „ренесанса“ на секое можно поле, па така по дваесет години слободно можеме да речеме дека денес Албанија е колоритна земја, 20 години далеку од мрачното, сиво и заморно секојдневие на тамошниот социјализам. Можеби токму затоа, денес, голем број туристи сакаат да ја посетат Албанија, уживајќи во нејзините раскошни убавини и воодушевувајќи се на се уште присутните траги од долгогодишниот тотлитарен режим кога земјата долги години беше во потполна изолација.

Во тоа минато, Албанија беше под силна тортура. Тогаш во Албанија имаше забрана да се градат згради повисоки од шест спрата, како градовите не би заликувале на модерните западни градови. Градот Драч, кој некогаш во минатото беше главен град на Албанија, во времето на режимот беше потполно запуштен.. Но, сето ова сега е само минато, кое Албанците треба да го користат како културно наследство и полека да почнат да го промовираат на еден поинаков, маркетиншки начин.

Албанија е медитеранска држава, позната како земја на орловите, која што својата самостојност ја стекнува во 1912 година, по Првата балканска војна и ослободувањето од Отоманското царство. Денес главен град на Албанија е Тирана и таму денес живеат околу 750.000 жители.

Два најголеми симболи на овој град се џамијата Етем-беј и Сахат-кулата, која што е висока 35 метри и се наоѓа во срцето на градот. Покрај нив, во еден преубав парк, е сместен споменикот на нивниот познат владетел од XV век, Скендербег. Тој во историјата е познат по тоа што и служел на отоманската војска, бидејќи како малечок бил одземен како јаничар, но подоцна херојски се бори против Турците.

Втор по големина град во Албанија е Драч кој важи за еден од најстарите во оваа држава. Драч се простира покрај самото крајбрежје на Јадранското море и од Тирана е одалечен само 30 километри. Изграден е во 7 век, па во него се зачувани бронји остатоци од тврдини и споменици.

Меѓу нив е познатиот амфитеатар, кој е сместен во центарот на градот, во кој со векови се одржувале гладијаторски игри, а денес се одржуваат концерти со класича музика. Инаку, овој град долго време бил главен град на Албанија, но за време на социјализмот градот останува пуст, без никаков потенцијален развој.

Во тоа време му се растура и така слабата инфраструктура на градот, зградите стануваат руини, но по распадот на стариот режим, Драч брзо го добива својот нов сјај и за кратко време во него се изградени голем број хотели и вили, па така сега Драч претставува преубаво и примамливо место за сите оние што патуваат низ Албанија.

извор: стипка.мк