Полицајците бараат поголеми плати, место скратен буџет

362

Независниот полициски синдикат побара од министерот Оливер Спасовски да го исполни планот за зголемување на платите на вработените во МВР двапати годинава за пет проценти. Независниот синдикат на полицијата, кој себе се нарекува единствена критична и прогресивна сила во рамките на Министерството за внатрешни работи, го прати ова потсетување до министерот во пресрет на утрешната седница на Собранието на која ќе се разгледува ребалансот на буџетот и, според најавите, ќе бидат скратени 47 милиони евра.

„До денес, најверојатно како резултат на политичката криза, првото планирано покачување од пет отсто не е исплатено. Нашиот став околу ваквиот начин на усогласување беше лично соопштен и на состанокот во вашиот кабинет, при што јасно ставивме на знаење дека по добивање на репрезентативноста ние како синдикат ќе бараме дополнително усогласување не помало од 20 отсто“, стои во соопштението од Независниот полициски синдикат.

„ Од информациите во медиумите факт е дека најголемо кратење од 6,2 милиони евра во буџетот ќе биде токму во МВР.Дали тоа значи и кратење на и така малите примања? Од вас бараме јасен став и одговор и се надеваме најискрено дека како министер кој вети дека ќе се грижи за вработените и за подобрување на нивниот социјален статус пред цела македонска јавност , нема да ги сместите овие покачувања во делот на „непродуктивни трошоци“, стои во соопштението на овој синдикат.

извор:макфакс

Loading...