Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по извршеното вештачење утврдено е дека 57-годишниот Е.И. од Арачиново кој вчера беше приведен во близина на Врховниот суд, носел пиротехнички средства (петарди).
– Тој бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина, стои во полицискиот билтен
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Loading...