Порака што Хрват му ја остави на автомобилот на Србин стана хит на Фејсбук

Еден корисник на Фејсбук на својот профил објави фотографија од пораката што ја пронашол оставена на неговиот автомобил паркиран во Сплит.

Во прашање е автомобил со регистарски таблички од српскиот град Крагуеваец, што веројатно некој сплиќанец го потсетило на убавите моменти од неговата младост, па решил да остави искрена и топла порака.

– Многу ми е мило што гледам автомобил од Крагуевац, град каде некогаш јас живеев на улицата „ЈНА“ (не знам како сега се вика), во онаа зграда на почетокот на улицата од лева стрна крај пругата за Краљево, од каде што се мојата мајка и татко. Ви посакувам добар претстој во Сплит, град некогашен побратим, стои во пораката.

Пораката предизвика воодушевување кај повеќето корисиници на Фејсбук, од кои еден во коментарот напиша: „Гледате дека не е тешко да се биде човек. Секоја чест“.

извор: А1он.мк

 

Loading...