Посветено на татко ми кој никогаш не ме сакаше…

891

Татина принцеза? Овие зборови никогаш не би излегле од мојата уста. Мојот стомак буквално се превртува само од помислата.

Таткото треба да е првата љубов на ќерката, а ти беше сосема спротивното. Ти беше дел од мојот живот само поради обврска и искрено посакувам да можев да бидам таа која одлучува за тоа.

Мојата мајка беше паметна, таа си замина затоа што знаеше колку отров носиш во себе. Ти беше како чума, заразувајќи го секој кој доаѓа во контакт со тебе. За жал, јас не можев да избегам од тебе, колку и да се трудев.

Никогаш не ти беше гајле за никој освен за себе и ова е вистина дури и денес. Ти за мене секогаш ќе бидеш моето прво разочарување во животот.

Психолошки трауми? Да, секако. Нели велат дека секоја девојка бара партнер сличен на татко и, па така и јас поминав низ целото тоа „барам љубов на погрешни места“ клише.

Татковците треба да те учат, но единствените работи кои ги научив од тебе се: треба да очекуваш разочарување, очекувањата се бесмислени и нема поента да молиш за љубов од човек кој едноставно не е способен за љубов.

Повеќе не се грижам и немам негативни чувства, затоа што ти не заслужуваш да ти посветам толку многу енергија и размислување. Завршив со тебе, не ми треба твоето одобрување, прифаќање, ниту љубов.

Еден ден ќе го бараш своето дете кое ти го напушти и ако ме најдеш, ти ветувам дека без око да ми трепне ќе го свртам мојот грб.

Ти повеќе не си мојот „тато“, што се однесува до мене, ти си само донор на сперма. Единственото заедничко нешто меѓу нас е ДНК. Но, сепак, сакам да ти се заблагодарам за нешто.

Ти благодарам што ме напушти. Поради  тебе, јас сум силна жена, можам да се грижам за себе и не ми треба ничие одобрување.

Денес сум прекрасна жена, жена која ти никогаш нема да ја познаваш. Ти изгуби, јас добив.

извор:скопјеинфо

Loading...