Поучна приказна: Нема поголема љубов од онаа на брат и сестра

235
1

Една вечер татко и вели на мајката: “Душо, така повеќе не може. Мислам дека дојдовме до крајот, нашиот син може да го спаси само чудо”.

Скриено во аголот на собата, девојчето го слушаше сето тоа. Откако слушна веднаш ја отвори својата касичка и се стрча до најблиската аптека, без никој да ја забележи. Трпеливо чекаше да и дојде редот во аптека, а кога ќе дојде нејзиниот ред ги остави ситните пари, пред аптекарот и му рече:

Тоа е за брат ми, господине, многу е болен. Дојдов да купам чудо.

-Не те разбрав добро, рече аптекарот.

-Брат ми се вика Андрија. Има нешто што расте во неговата глава. Тато вели дека само чудо може да го спаси. Сакам брат и затоа дојдов со парите да му купам чудо.

Аптекарот тажно одговорил: “Но ние не продаваме чуда”.

“Ако нема доволно пари, можам да соберам уште. Колку чини едно чудо?” запрашало малото девојче.

Во аптеката имаше и еден висок човек со сериозен израз на лицето, кој го слушаше целиот разговор.

Додека аптекарот немоќно маваше со рацете, девојчето со солзи на лицето ги собираше своите монети.

Тогаш високиот човек праша:

Зошто плачеш мила, што се случило?

Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и да ми каже колку чини. Тоа е за брат ми Андрија, кој е многу болен. Мама рече дека треба операција, а тато рече дека не можеме да ја платиме и дека само чудо може да го спаси. Затоа донесов се што имам да го купам чудото за тој да оздрави.

Колку имаш?

-Долар и единаесет центи … Но знаете, можам да соберам повеќе …

Мажот се насмевна.

Мислам дека нема потреба. Чудото за брат ти чини еден долар и единаесет центи, рече тој.

Со едната рака ги зема парите, а со другата рака го фати девојчето за рака.

-Одведи ме дома. Сакам да разговарам со родителите и да го видам брат ти. Можеби ќе успееме да најдеме чудо за брат ти.

Тие заедно излегоа од аптеката држејќи се за раце. Овој човек всушност бил професорот Карлтон Армстронг, еден од најпознатите хирурзи. Тој го оперира малиот Андрија, кој целосно почна да се опоравува за неколку недели

-Ова операција е чудо, рече мајката. Се прашувам само како успеавме…

Сестричката само ја слушаше и се насмевна. Знаеше колку чини чудото. Но, едно сфати – љубовта и верата немаат цена…