Пожарот кај Требовље се приближи до селото

Центарот за упраување со кризи соопшти дека пожарот во атарот на селото Требовље попладнево се приближил до селото. Противпожарните сили се на терен и се справуваат со огнената стихија.

Од ЦУК соопштуваат дека во текот на денот во гасење на пожарот интервенирале екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ДЗС Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и 2 хеликоптери од АРМ.

За гасење на пожарот се упатени дополнителни сили од Струга и Гостивар, а ќе се состане и Регионалниот штаб на Македонски Брод за да се преземат дополнителни мерки и активности.

извор:мета

Loading...