Пожарот на Матка е подметнат, туристи го сликале пироманот со телефон

Пожарот кој вчера околу 13 часот избувна на кањонот Матка веќе е локализиран, но истиот бил подметнат, изјавил директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ за Макфакс.

Според Авировиќ, имало информации дека туристи со мобилен телефон го фотографирале подметнувачот на пожарот и веќе се работи на негова идентификација.

Во борбата со огнената стихија учествувале 35 пожарникари и специјален хеликоптер за гаснење пожар, но поради непристапниот терен екипите биле повлечени вчеравечер и утрово продолжуија со гаснење уште од раните утрински часови. Пожарот беше оставен да тлее за време на ноќта, а четири екипи внимаваа на неговото проширување.

Loading...