Познат новиот клуб на Борко Ристовски

Ристовски инаку има кариера полна со трофеи, тој во последните две сезони беше шампион на Шпанија со Барселона, а претходно титула има и во германското првенство со Рајн Некар, титули Ристовски има и во македонското првенство и купот, со тимовите на Вардар и Металург.

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски од следната сезона нема повеќе да настапува за Барселона и ќе стане дел од најдобрите клубови во Португалија.

Голманот на славниот клуб од Каталонија од следната сезона ќе биде член на Бенфика, како што објави португалскиот медиум „О’Жого“,

Ристовски инаку има кариера полна со трофеи, тој во последните две сезони беше шампион на Шпанија со Барселона, а претходно титула има и во германското првенство со Рајн Некар, титули Ристовски има и во македонското првенство и купот, со тимовите на Вардар и Металург.

Покрај овие тимови тој во кариерата настапуваше и за Кретил и Гумерзбах, а еден краток период помина и во катарското првенство.

Во текот на минатата сезона голот на португалскиот гигант го чуваше и уште еден македонски репрезентативец, а тоа е Никола Митревски.

Инаку, Борко за кој денеска медиумите во Португалија објавуваат дека направил трансфер, во текот на вчерашниот ден стана татко, тој доби син кој ќе го крсти Душан.

Loading...