Познати имињата на новите директори на клиники: Докиќ на Пулмологија, Петровски на Ендокринологија

5584
1

Дејан Докиќ е новиот директор на Клиниката за пулмологија, а Горан Петровски ќе раководи со Клиниката за ендокринилогија, дознава А1. Смени ќе следат и на уште 30-тина здравствени установи.

Според информациите на А1, Софија Пејкова ќе биде новата директорка на Клиниката за пластична хирургија, која ќе дојде на местото на досегашната директорка, Смиља Туџарова. На местото на Лидија Чевреска на Клиниката за хематологија доаѓа Ирина Пановска, а на местото на Славица Шубреска на Клиниката за ендокринилогија ќе биде назначен Горан Петровски.

Нова директорка на Клиниката за гинекологија на местото на Марија Хаџи Лега, ќе биде Викторија Јовановска. Нов директор на Клиниката во Козле е Ангелчо Андоновски, а од директорката функција заминува и досегашната директорка Аспазија Софијанова.

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски најави дека денеска ќе бидат назначени нови директори на 33 здравствени установи, а до крајот на неделата, како што рече, најверојатно ќе бидат направени и другите кадровски смени.

Кадровските смени во здравството почнаа пред речиси еден и пол месец. Меѓу првите сменет беше директорот на Клиниката за онкологија, Милан Ристески, и на негово место дојде Никола Васев. Потоа следуваа смени на Клиниката за кардиологија, каде што на местото на Сашко Кедев беше назначен Беким Поцеста, Ирена Бушлетиќ го замени Александар Шиколе на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за очни нолести беше именуван Беким Татеши, а на Токсикологија – Нико Беќаровски.

извор:А1он