Пратениите да го укинат скандалозниот закон за обезбедување на Груевски

592

Две работи. Како прво, вистински потег е сега Владата да предоложи, а мнозинството пратеници да го укинат скандалозниот Закон за обезбедување на Никола Груевски со којшто добива телохранители и службено возило со возач толку години колку што бил премиер. Второ. Не разбирам зошто високи владини функционери, министри, директори и други, мора да имаат репрезентација или картичка за лични трошоци.

Тие за тоа земаат плата. Мизерно е и неприфатливо на службена картичка да јадат чорби, да ручаат, да пијат кафе, да одат на плажа…Репрезентативните трошоци се исклучиво за службени ручеци, вечери, приеми. И тие треба да се строго контролирани и лимитирани , бидејќи за ваква намена го имаат ресторанот во Влада. А таму, исто така, воопшто не се занемарливи ниту квалитетот, ниту трошоците кои ги има државата за негово одржување. Ако е вистина дека сега службените картички им се лимитирани на 500 евра, тоа се многу пари.

Емилија Лазаревска

извор:мкдтимес

Loading...