Предупредувањето на Илон Маск за вештачката интелигенција ја заледува крвта во вените

Илон Маск изјавил дека постои шанса да создадеме “бесмртен диктатор од кој е невозможно да се побегне”.

Маск се појавува во новиот документарец на Крис Пeјн, наречен “Do You Trust This Computer”, во кој се истражуваат потенцијалните опасности кои вештачката интелигенција би можела да му ги предизвика на светот.

Тој изјавил дека развојот на суперинтелигенцијата би можел да резултира со форма на вештачка интелигенција која ќе владее со светот. “Кога на власт имате зол диктатор, тој човек ќе умре. Но не и вештачката интелигенција, за неа не постои смртта. Таа би живеела засекогаш. Тогаш би имале бесмртен диктатор од кој нема да можеме да побегнеме”, изјавил Илон.

Тој додал и дека вештачката интелигенција не мора да биде зла за да го уништи човештвото:

“Доколку вештачката интелигенција има цел, а луѓето ѝ се најдат на патот, таа ќе ги уништи без размислувања”, вели Маск.

Минатата година, креаторот на Tesla и SpaceX предупреди дека глобалната трка во развојот на вештачката интелигенција би можела да резултира со трета светска војна. Освен тоа, тој смета дека развојот на технологија за човештвото е поголема закана отколку “нуклеарниот конфликт со Северна Кореја”.

Маск смета дека луѓето треба да се спојат со вештачката интелигенција со цел да се избегне ризикот тие да станат неважни.

Loading...