ПРЕДУПРЕДУВАМЕ: Црни сообраќајни точки во Скопје

239
1

Во Скопје секојдневно се случуваат голем број сообраќајки во кои често има и настрадани.

Некои од нив се поради преголемата брзина, и непочитување на поставената сигнализација, додека и често се наоѓаат поголеми количества на алкохол кај возачите. Во Скопје постојат места на кои се случуваат често сообраќајки на кои и самите сме сведоци, па затоа од градот и од Советот за безбедност во сообраќајот  овие места се мапирани како  опасни и се наречени црни точки. Се апелира за поголемо внимание кога се поминува низ истите. Следува листа на булевари и улици кои што се мапирани како црни точки:

Булеварите: Илинден, Партизански одреди, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов,Kузман Јосифовски – Питу, Александар Македонски, и Кочо Рацин.

Улиците: Македонска бригада, Васил Ѓоргов, Ѓорче Петров, Цветан Димов.

Покрај мапирањето на овие места како ,,црни точки”, од страна на градските власти се преземаат мерки со кои овие улици и булевари би требало да станат побезбедни.

Една од црните точки се наоѓа на булеварот Партизански Одреди, на пешачкиот премин кај Универзалната Сала, каде што минатата година настрада девојка, кој што беше прегазена. Од градските влсти се разгледува како ќе се направи ова место побезбедно.

Исто така на булеварот Партизанска минатиот месец кај Симпо се случи сообраќајка во која загинаа две лица.

На булеварите Борис Трајковски, Илинден, како и на уиците 12 Македонска Бригада и Васил Ѓоргов градските власти дополнително ќе решат дали на овие места ќе бидат поставени кружни текови или семафори, со цел сообраќајот на истите да биде побезбеден.

На булеварот Кузман Јосифофски-Питу, во план е да се додадат нови ленти со што би се проширил булеварот, а исто така ќе се работи за подобра заштита и безбедност на пешачките премини.

На улицата Ѓорче Петров и на булеварот Кочо Рацин поставени ќе бидат семафори и сообраќајни знаци.

извор:скопјеинфо