Премиерот Заев доби специјално признание „Европска личност на годината“ во Сараево

387
1

Премиерот Зоран Заев на бизнис-манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“ во Сараево доби специјално признание – „Европска личност на годината” и „Носител на позитивни промени во регионот”, соопшти владината прес-служба.

Признанието на премиерот Заев му се доделува за неговото „ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните“.

Заев, кој е во еднодневна посета на Босна и Херцеговина, присуствуваше на традиционалниот бизнис собир во Сараево, кој е во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“, во партнерство со надворешно-трговската комора на БиХ. Минатата година тој ја доби наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.

Премиерот Заев денеска имаше средба со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, а вечерва се сретна и со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

извор:мета