Пријава за бомба во банка во Капиштец

177

Вчера, околу 9 часот и 35 минути, вработен во банка лоцирана на улицата „Народен фронт“ пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое што на српски јазик му кажало „Излезете надвор има нешто околу банката“, а потоа додало „Тоа е бомба”.

Од страна на екипата за Антитероризам била извршена целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина, при што не била пронајдена експлозивна направа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.

Loading...