Пристигнуваат BMW iNext и i4, а i3 и i8 неизвесни…

Баварски BMW премиерно ќе ги претстави моделите i4, како и BMW iNext EV во текот на 2020-та и 2021-ва година, меѓутоа “i” серијата можеби ќе остане без i3, како и незаборавниот хибрид i8.

Двата автомобили кои што своето деби го имаа во 2014-та година, неодамна поминаа низ процес на рестилизација, па сосема извесно ќе останат во понудта на баварскиот гигант и во блиска иднина.

BMW i3 беше освежен нешто пред i8 во текот на минатата година. Покрај купе верзијата на моделот i8, преку претставувањето на рестилизираната верзија промовирана беше и родстер верзијата. Меѓутоа, со завршувањето на животниот циклус на актуелните возила, можеби тие и нема да имаат свои „наследници“.

„Се уште е премногу рано да се донесе одлука во поглед на евентуалните наредни генерации со ознаката i3, како и i8“, изјави Штефан Јурашчек, раководител на одделението за електрифицирани погонски склопови во BMW AG во разговор со новинарите минатата седмица на Саемот за автомобили во Њујорк.

„Овие автомобили навистина се единствени. Единствени се и во смисол дека се развивани на начин кој што не поддржува да бидат основа за различни концепти засновани токму на нив“.

извор:точка.ком.мк

Loading...