Професорка имала секс со ученик, друг ученик открил па ја уценувал

1610

Елeaнор Вилсон (28), професорка по физика во едно училиште во Бристол, се обидела да ја заташка нејзината врска со својот ученик, но планот ѝ пропаднал кога за аферата дознал друг ученик па започнал да ја уценува да има секс и со него. Студентите се на возраст од 16 до 18 години.

Сѐ започнало на училишната екскурзија кога Елеанор и ученикот се зближиле во авионот. За време на летот од Женева се напиле вино и завршиле во тоалетот каде имале орален секс, но и секс без заштита, пренесува „Мирор“.

Во текот на наредната година тие продолжиле да се среќаваат, а таа пред да започнат тестирањата во училиштето се обидела да ја заташка врската. Но, во март, 2016 година почнала да добива мејлови од друг ученик кој ѝ се заканувал дека сѐ ќе раскаже во полиција и на училиште доколку не спие и со него.

Мејловите некако стасале до училиштето па професорката добила отказ. Иако негирала сѐ, завршила на суд каде била обвинета за виновна за неприфатливо професионално однесување. Исто така, веќе никогаш нема да може да работи во училиште, на факултет или која било друга образовна институција во Велика Британија.

извор:слободенпечат

Loading...