Пронајден во локва крв: Бизнисмен убиен пред својата фирма

11868

Предраг Периќ (47) бизнисмен од Сурдулица е пронајден мртов во локва крв во селото Житораѓа кај Владичин Хан, а како што се претпоставува, убиен е од огнено оружје.

Засега непознат убиец му пукал на Периќ во глава.

Периќ е пронајден пред зградата на техничкиот преглед „Периќ Трејд“ кој е во негова сопственост, на само 30-тина метри од патот Владичин Хан – Сурдулица.

Телото на Периќ го пронашле случајни минувачи. Мотивот засега е непознат, но се претпоставува нерасчистени сметки.

Инаку, Периќ живеел само во објект во кој водел технички преглед и регистрации на возила. Неговото тело е најдено на 5 метри од куќата.

Соседите имале за него само пофални зборови.

извор:сител

Loading...