Прва жртва на најопасниот аеродром на светот: Умрела додека гледала како полетува авион

2761
1

На аеродромот „Принцеза Јулијана“ на кaрипскиот Свети Мартин кој се гордее со една од најнеобичните, но и најопасни писти на светот, загина туристка.

Жена која го посматрала слетувањето на авион загинала од ударот на воздухот при полетувањето на авионот. Иако 57-годишната Новозеландка веднаш е префрлена во болнциа, повредите на главата и биле претешки и таа починала.

Иако туристие веќе со години доаѓаат да го гледаат полетувањето на авиони, ова е првпат некој смртно да настрадал.

Аеродромот во Свети Мартин е познат по тоа што е еден од најопасните во светот, не за патниците, туку за гледачите.

На крајот од пистата се наоѓа јавна плажа, а од другата страна се планините. Авионите, вклучувајќи ги и огромните патнички авиони, на пистата и приоѓаат летајќи ниско над посетената плажа. Туристите и привлеквуа можноста да пријдат толку блиску до пистата и тоа што можат да го фотографираат слетувањето и полетувањето на авионите. Снимките од ова опасно приземјување, често кружат по социјалнтие мрежи, токму како и фотографиите од туристи кои се сончаат или пливаат додека во позадината авиони стигнваат на аеродромот.

Меѓу плажата и аеродромот е јавна магистра. И покрај знаците за предупредување да не се приближуваат до пистата, туристите и натаму приоѓаат. Некои дури и фотографираат и покрај знаците за забрана.

Новинарката на Индипендент Синтија Дрешер вели дека при самото приоѓање до пистата „знаете што ве чека“.

-Насекаде иам огромни знаци кои ве предупредуваат за ударите, вели таа.

извор:скопјеинфо