Први фотографии по страшниот пожар во Тетово во кој загинаа мајка и четири деца

Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал ноќеска во нивната куќа во населбата Поток во Тетово.

Според првичните неофицијални информации Фатиме З. била на 38 годишна возраст, додека нејзините деца на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете.

Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.

Loading...