Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, нареди 755 американски дипломати да ја напуштат Русија.

Тој додал дека не гледа дека односите меѓу Русија и САД ќе се подобрат во скоро време.

„Персоналот на американските дипломатски мисии ќе биде намален за 755 луѓе и со тоа ќе се изедначи бројот на руски дипломати во САД, односно ќе има по 455 луѓе од секоја страна“, рекол Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.

Рускиот претседател истакнал дека тоа е значително намалување на бројот на американски дипломати во Русија.

„Американската страна направи потези кои, важно е да се нагласи, не беа испровоцирани. Тие потези вклучуваат санкции, обиди за мешање во други држави, вклучувајќи ги и нашите сојузници, кои се заинтересирани да ја продолжат соработката со Русја“, рекол Путин.

Тој додал дека чекал прилично долго нешто да се подобри во односите со САД.

„Се надевавме, но изгледа дека ситуацијата нема да се смени во скоро време…Одлучив дека е време да покажеме дека нема да останеме без одговор на ништо“, нагласил рускиот лидер.

САД минатата недела воведоа нови санкции за Русија. Претседателот Доналд Трамп го одобрил предлог-законот за воведување на новите санкции и има намера да ги потпише, соопшти Белата куќа.

„Претседателот ги прочита првичните верзии на законот и договорените крајно важни делови од него. Сега тој ја разгледува конечната верзија и врз основа на отвореноста кон забелешките че го одобри предлог-законот и има намера да го потпише“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Сенатот усвои документот со големо мнозинство во четвртокот и за неговата трансформација во закон потребен е само потписот на Трамп.

извор:макфакс

Loading...