Работите се изменија: Мажите почнаа да бегаат од секс на првиот состанок!

44

Мажите повеќе не се тие кои очајнички сакаат девојката да ја однесат во кревет веднаш по првото излегување.

Истражувањата покажуваат дека жените се тие кои преферираат секс по првиот состанок а не мажите, кои од друга страна таквите жени не ги сметаат за привлечни.

50 отсто од анкетираните мажи изјавиле дека се “ладат” доколку една жена сака да има секс веднаш по првиот состанок, додека истиот овој однос го имаат 39 проценти од жените.

Резултатите исто така покажале дека она што најмногу им пречи на мажите и жените е кога личноста на состанок ќе дојде неуредна или кога личностите кои на состанокот доаѓаат на невидено себе си не се опишале точно.

Иако ова значи дека двата пола многу внимание посветуваат на физичкиот изглед, само 4 отсто од испитаниците сметаат дека изгледот е клучна работа, пренесува Daily Mail.

makedonijadenes

Loading...