Реал Мадрид демонстрираше моќ: Роналдо и останатите се “прошетаа” на Ноу Камп

348

Реал Мадрид ја доби „Ел Класико“ пресметката со Барселона на Камп Ноу, „Кралевите“ славеа со 1-3 во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

По триумфот во Скопје над Манчестер јунајтед, Реал Мадрид славеше и против Барселона.

Вечерва во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија, „Кралевите“ победија со 1-3.

Откако мрежите мируваа во првиот дел, во продолжението од средбата паднаа дури четири погодока.

Серијата започна со автоголот на Пике во 50. минута.

Потоа следуваше контроверзен пенал врз Суарез, а Лео Меси погоди од белата точка за 1-1.

Но гостите се вратија во прeдност три минути подоцнa. Роналдо биеше неодбранливо од врвот на шеснаесетникот за 1-2 во 80 минута.

120 секунди подоцна ЦР7 беше исклучен, за симулирање доби втор жолт картон и беше испратен во соблекувална.

Но и со играч помалку, Реал стигна до 1-3. Во 90. минута, Асенсио постигна евргол за голема радост на „Кралевите“.

Loading...