Роџер Федерер ја освои осмата титула на Вимблдон

34

Роџер Федерер го освои Вимблдон и влезе во историјата како најтрофеен играч на најпрестижниот тениски турнир во светот. Федерер во финалето за 100 минути игра го победи Марин Чилиќ со 6:3, 6:1, 6:4. Федерер ја освои осмата титула на Вимблдон, прва по 2012 година.

Роџер Федерер Вимблдон го освои без загубен сет, во финалето, со исклучок на првите три гема, доминираше во целост. Во тоа многу му помогна Чилиќ кој воопшто „не се појави“ на Централниот терен.

Хрбатот кој играше брилијантно на патот до финалето, во мечот за титулата како да беше премногу импресиониран од Федерер и значењето на самото финале. Во еден момент дури и заплака, но сепак успеа да издржи до крајот.

Федерер ја освои осмата титула на терените на „Ол Ингланд Клаб“ и на вечната листа го мина Пит Сампрас и Вилијам Реншо, кој своите седум титули ги освои пред Опен ерата.

Швајцарецот, оваа сезона победи и на Аустралијан Опен и со вимблдонската титула стигна до рекордни 19 трофеи на Гренд слем турнирите.

Федерер сега на вечната листа има четири Гренд слем титули повеќе од Надал.

извор:актуелно24

Loading...