Родените во осумдесетите веднаш ќе се сетат на времето кога “афтер“ се правеше во култната сендвичара Кинг Бургер (фото)

263
1

Булевар, Елемент, Декорум, Ла фабрик, Кабрио се само дел од местата на кои скопјани се сеќаваат со носталгија. После феноменалните забави, непишано правило беше некаде да се јаде, а потоа да се оди дома.

Едно од најпопуларните места за јадење во тоа време е добро познатиот Кинг Бургер. Таму некогаш се правеше “афтер“ , сите тинејџери после диско се упатуваа на јадење, таму се раѓаа нови љубови, пријателства, па и по некоја лута искра помеѓу голобрадите момчиња. Се чекаше и повеќе од половина час за да нарачаш за јадење но, тоа не беше никаква пречка секој викенд да е преполно. Генерациите родени во осумдесетите години, добро знаат за кое време говорам, време кое веројатно никогаш нема да се повтори.

Долги години познатата сендвичара Кинг Бурег не работи но, во мене предизвика емоција и враќање во минатото откако во нашата редакција пристигнаа слики од ова култно место за скопјани, кое е во целост запутено, во дворот израснати треви по неколку метри, објект кој се распаѓа, па ни оддалеку не наликува на место кое некогаш зрачеше со некоја посебна магија. Кинг Бурегер не е единственото место кое повеќе не работи, малтене и да не постои објект од минатото но, разликата е во тоа што тие објект во потполност ги нема и на нивно место се изградени нови објекти и останува да се прераскажува кој објект во минатото постоел на тоа место. Објектот во распаѓање на сендвичарата Кинг Бургер буди силни емоции и сеќавање на едно минато, со оглед на тоа дека објектот сеуште стои, гледајќи го ги враќаш сеќавањата, а истовремено е жална сликата од урнисаниот објект.

Воопшто не беше тешко да најдеме соговорник кој веднаш ќе се сети на култниот Кинг Бургер и кој би споделил со нас некое сеќавање од тоа време. Димитар е 30 годишен програмер, кој бил дел од некогашната шема во Скопје и со воздишки се сеќава на тие мигови, а како што вели новите тинејџери никогаш нема да знаат како всушност изгледа добра забава во едни многу подобри времиња.

-Ахх тие времиња.. Генерациите од деведесетите па навака никогаш нема да почуствуваат тоа што ние го имавме, добра забава, дружење и меѓусебна почит. Се знаеше, после Булевар, Елемент, Декорум, Ла Фабрик и не ми текнува во моментов кои уште други места за излегување имаше, се одеше на “афтер“ во Кинг Бургер. Чекавме и по еден час за да нарачаме, сите после диско беа таму, а само најснаодливите и најбрзите беа среќници и имаа маса. Откако ќе земевме за јадење, таму останувавме до доцна во ноќта. Тоа време за нас имаш џуниор забави до 12 часот по полноќ, па во сендвичара останувавме до 2-3 часот наутро хаха, се сеќава Димитар.

Таму запознавале девојки, а и оствариле многу пријателства кои ден денес постојат.

-Јас имам многу добар пријател кој го запознав во Кинг Бургер. Кај нас на маса имаше слободно столче, се приближи момчето, праша дали може да седне со нас на маса за да јаде, што ние секако му одбривме. Се вртеше добар муабет, разменивме броеви, почнавме да се дружиме, па оттогаш и до денес, Агнел е мој добар пријател. Запознававме девојки таму, некако полесно ни беше да им пријдеме со некоја фора додека јадевме или да им отстапиме место во редицата и веднаш добивавме поени кај девојчињата, некако сите бевме поопуштени додека бевме на јадење, отколку во диско, кога девојчиата глумеа шмизли. Преубави времиња беа тоа.. Кога и да поминам покрај Кинг Бургер призорот ме преовладуваат сеќавања но, и тага, израсната трева и по неколку метри, рекламата стои но, целата е искршена, објектот исто така е безмалку целосно уништен, а веројатно тоа е во нечија приватна сопственост и не е ништо чепнато откако истата е затворена, заврши Димитар.

извор:скопјеинфо