Роналдо, Зидан, Мурињо, Рамос пристигнаа, фудбалска еуфорија во Скопје

Скопје во центарот на фудбалскиот свет, срцата чукаат во ритамот на Суперкупот.

Стотици насмеани лица, млади и стари, денеска на заедничка дружба во строгиот центар на градот.

Се одбројуваат последните часови до пресметката на фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

На плоштад „Македонија“ веќе се во тек активностите на неутралната фан зона. Најголемо внимание кај љубителите на фудбалот привлекоа трите изложени трофеи. Покрај оние од Лигата на Шампионите и Лига Европа, еден од тимовите утре во своите витрини ќе го додаде и оној од УЕФА Суперкупот.

Покрај многубројните странски навивачи, во Скопје попладнево пристигнаа и фудбалерите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

извор:канал5

Loading...