СЈО ќе бара на јавна седница Апелација да одлучува по жалбата за притворот на Груевски

367

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги обжали одлуките на Кривичниот суд со кои не се одреди притвор за ниту еден од осомничените во предметите за кои неодамна поднесоа обвиненија, но тие се уште не се стигнати во Апелациониот суд.

Предметите се уште се во Кривичниот суд, а од таму појаснуваат дека се уште се комплетираат, по што ќе бидат испратени во второстепениот суд. Оттаму појаснуваат дека покрај жалбите на СЈО, жалби доставува и одбраната, напоменувајќи дека ќе ги испочитуваат роковите.

Како што дознаваме, СЈО ќе бара на јавна седница да се разгледува нивната жалба на одлуката да му се одреди мерка на претпазливост, а не притвор, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е осомничен во случајот „Титаник“.

извор:либертас

Loading...