СЈО бара притвор за Ејуп Аљими

626

Апелационите судии ја разгледува жалбата на СЈО по неопределениот притвор на Ејуп Аљими. Кооординаторот на пратеничката група на ДУИ, е обвинет во предметот Титаник 3 за уништување на изборен материјал. СЈО бараше притвор, скопска единица го одби како неоснован.
Во образложениото од кривичен совет од скопска единица, се наведува дека СЈО се сомневало дека Аљими може да влијае на сведоците. Но судот не го прифатил тоа. Од исказите на сведоците не произлегло дека тој претставува закана по нив, по што му се определени мерки на претпазливост.

СЈО смета дека со неговиот сопартиец, Исмет Гури за време на изборите во 2014 цело време бил присутен во ОИК во Чаир, со што поради финкцијата што ја имал можел сериозно да влијае. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи пред кривичниот совет во Апелација рече дека првостепениот суд не ги ни разгледал приложените докази.
Со обвинението за Аљими и Гури биле наведени посебните околности, рече таа. Од исказите на двајца сведоци сослушани во текот на постапката произлегло дека кај нив имало страв по личната безбедност, додаде Фетаи. Првостепениот суд можел да определи друга мерка кога веќе не определил притвор, а тоа е забрана за контакт со определени лица, смета СЈО. Адвокатот на Ејуп Аљими пред апелационите судии рече дека нема доказ киј укажува на можно влијание врз сведоците.

Аљими никогаш не бил во контакт со нив, смета неговата одбрана и додава дека со тоа е исклучена можноста за влијание. Членството во политичка партија не претставува можност за големо влијание, рече неговиот адвокат Мефам Арслани. Одбраната побара да се потврди првостепеното решение. Ејуп Аљими рече дека сака да се утврди правдата. Ова е пародија и ќе бидам тука до крај на постапката.
Михајло Видимлиски

извор:бриф

Loading...