Сакајте ги оние кои ве сакаат во вашите лоши денови

118

Сакајте ги оние кои ве сакаат дури и во вашите лоши денови. Оние денови кога плачете без причина, кога емоциите ве напаѓаат, кога во вас постои бура.

Сакајте ги оние кои ве сакаат кога сте преморени. Деновите кога сте преморени од премногу размислување, или дури и без никаква причина. Кога сите обврски ви се насобираат и имате потреба само да спиете. Сакајте ги оние кои го прифаќаат времето кое го сакате за себе.

Сакајте ги оние кои ве сакаат кога сте исплашени. Деновите кога не сакате дури ни да се обидете, бидејќи тоа за вас значи неуспех.

Сакајте ги оние кои ве сакаат кога сте изнервирани. Кога ништо не ви оди од рака, кога ја истурате нервозата на нив, кога не знаете што со себе, кога ви изгледа како целиот свет да е против вас. Затоа што предоцна сфаќате што сте направиле и колку не сте биле фер кон нив. Сакајте ги оние кои ве сакаат во деновите кога кажувате работи кои не ги мислите.

Сакајте ги оние кои ве сакаат кога не сте свои. Кога им велите дека не се чувствувате добро, а тие ја нудат својата поддршка. Тие сакаат да слушнат што се случило. Ве разбираат.

Сакајте ги оние кои ве сакаат кога сте несигурни. Кога мислите дека сите други се подобри, попаметни, поубави, побогати од вас. Сакајте ги оние кои не ви дозволуваат да размислувате така.

Сакајте ги оние кои ве сакаат во вашите лоши денови. Кога се чувствувате тажни и лути. Кога сте збунети, несигурни и уплашени. Сакајте ги најмногу оние кои ве прифаќаат во ваквите денови, кога ве разбираат и се тука за вас.

Сакајте ги навистина.

извор:скопјеинфо

Loading...