Сакам љубов каква што имаа нашите баби и дедовци

93

Не сакам милион скапи подароци и статус на Фејсбук, сакам директен и искрен маж, сакам старомодна љубов.

Сакам старомодна љубов во која нештата се одвиваат полека, каде не мора никаде да брзаме. Сакам да излегуваме на состаноци, сакам да ја разбирам другата личност и да ја слушам како зборува, како се однесува со другите.

Посакувам некој да ме викне на вистински состанок, да минам часови подготвувајќи се и да отидам со трема, претходно долго зборувајќи со другарките за тоа. Сакам да почувствувам пеперутки во стомакот. Би обожавала да седам со него на некое мирно место и да разговарам за работите кои му значат. Не сакам да слушам трачеви, ниту да зборувам за најновитет трендови и работите кои ги поседува.

Сакам да разговарам за животот, за нашите искуства. Сакам да знам за неговото детство, за работите кои ги сака, за луѓето кои му значат. Не сакам да се натпреварувам со неговиот мобилен телефон за да го добијам неговото внимание.

Сакам да одиме на прошетка. Да пешачиме на кејот, да се смееме, да почувствувам надеж. Да ме испрати до дома, да не бидам сигурна дали ќе ме бакне или не. Сакам да ја почувствувам таа нервоза пред првиот бакнеж.  Сакам да биде искрен и да ми каже дали му било забавно, сакам да ми се јави утредента и не сакам со денови да чекам на негова порака.  Не сакам да ми се јави само кога е пијан.

Не сакам игри, не сакам правила, сакам искреност.

Сакам старомодна љубов. Сакам да ме изненади со цвеќе, не сакам скапи подароци.  Сакам да се грижи за мене кога сум болна, да планира работи со мене и да ме изненадува со романтични ситници.

Сакам некој кој ќе се бори за мене кога нештата ќес танат тешки, а не да замине. Сакам да разговараме за нашите проблеми. Сакам заедно да најдеме решение.

Сакам да ја прифати сета љубов која имам да му ја дадам.

Сакам љубов како што имаа нашите баби и дедовци, сакам да успеам како што тие успеваа.

извор:скопјеинфо

Loading...