Само за еден месец над 80 жени во Струмица биле жртви на насилство

Во струмичкиот центар за социјални грижи месечно се пријавуваат и над 80 жени кои се жртви на секаков вид на насилство.

Бројката иако звучи шокантно за општина како Струмица со околните населени места сепак, надлежните успеваат да ги заштитат делумно жените овозможувајќи им различни видови на помош,вклучително применувајќи го законот за семејно насилство.

Во тесна соработка покрај соработката на центарот со МВР и судските органи успешна е соработката и со организација на жени од Струмица која од 2012 година е со 24 часа отворена врата токму за жените кои се жртви на насилства.

Во организација на жени им се нуди бесплатна правна и психолошка помош,беспрекорно функционира и СОС линијата а од организацијата велат дека жените и покрај сите стравови во кои живеат и се соочуваат секојдневно сепак од ден на ден бројот на оние кои се охрабруваат да пријават е се поголем.

Под насилство на жените е за жал и сексуалното кои многупати затајува од стигматски норми.

Министерството за труд и социјална политика одлучи да отвори центри во општите болници токму за жените кои се жртви на овој вид насилство.

Во соработка со УНДП Македонија се подготвува да ја ратификува Истанбулската конвенција која предвидува поголема заштита на жртвите од семејно насилство.

До крајот на оваа година е предвидено отворање и на центар со тајна локација токму за заштита на жените, жртви на сексуално насилство кој ќе располага со стручни кадри кои ќе работат со штитеничките.

извор:канал5

Loading...