Се разболе судијката која требаше да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимоски и Бошковски

396

Судијката во Врховниот суд, Рахилка Стојковска, која беше дел од Кривичниот совет кој го ослободи од притвор бизнисменот Сеад Кочан, била на боледување, па веројатно е дека нема да одлучува за притворите на обвинетите Грујовски, Јакимовски и Бошковски, за кои течат роковите, дознава Макфакс.

Судијката Стојковска беше ставена во Кривичниот совет кој одлучуваше за укинувањето на притворот на Кочан, откако претходно претседателот на судот трипати го менуваше распоредот на судии. Вангеловски прво ја прераспореди експретседателката Лидија Неделкова и на нејзино место ја донесе судијката Лидија Тасева. Потоа ја тргна и Тасева, и на тоа место ја донесе судијката Рахилка Стојковска. Гласањето за случајот со Кочан покажа дека токму гласот на судијката Стојковска го обезбеди тесното мнозинство за да помине одлуката за ослободување.

Според праксата, кога дел од судиите се на годишен одмор, доволно е само еден од членовите на Советот кој ќе одлучува за притворите на најблиските соработници на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде кривичар, а другите членови може да бидат судии од Одделот за граѓански дела, Одделот за судење во разумен рок…

Претседателот на судот, Јово Вангеловски, вчера веќе се изјасни дека ќе биде дел од Кривичниот совет, кој, конечно, треба да пресече дали Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски ќе се бранат од слобода.

извор:макфакс

Loading...