Се ширела непријатна миризба: Скопјанец во фаза на распаѓање пронајден во својот стан

1285
1

Починат скопјанец, чие тело било во фаза на распаѓање, ноќеска бил пронајден во својот стан на улицата „Архитект Никола Добровиќ“ во Скопје.

Како што информира МВР, Т.Ч. ноќеска околу 00:30 часот пријавил дека во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширело непријатна миризба по што тие се посомневале дека бил починат. Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил утврден идентитетот на лицето К.А. (61) чие тело било во фаза на распаѓање.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на институтот за Судска медицина за обдукција.