vesti24.mk
ЗАБАВА

Се сметаа за нопобитен доказ: Отпечатоците од прсти не се уникатни

ECA

Уште од 1901 година кога започнала со работа форензичката лабораторија на Скотланд јард отпечатоците од прсти се сметаа за најверодостоен доказ во расчистување на криминалните случаи.

Сепак, експертите велат дека основана е претпоставката дека секој човек има уникатен отпечаток кој брзо може да се провери низ компјутерската база.

Форензичарот Мајк Силверман, кој на полицијата ѝ го претстави првиот автоматизиран систем за детектирање отпечатоци од прсти, тврди дека човековата грешка, нецелосните принтови и лажните отпечатоци се доказ дека оваа идентификација не е толку веродостојна колку што се смета. Тој вели дека никој досега не докажал оти отпечатоците од прсти се уникатни, затоа што членови на семејството може да имаат ист образец, односно шари.

Исто така, проблеми се јавуваат кај отпечатоците кај старите лица, кои многу се разликуваат од оние кога биле млади затоа што со времето кожата ја губи својата еластичност, а во ретки случаи се случува на некои луѓе врвот на прстите да им стане мазен.

– Во суштина не може да се докаже дека не постојат два исти отпечатоци. Кога ќе се земат предвид сите детали, може да се заклучи дека не постојат два идентични отпечатоци, дури и ако ги направите со ист прст едно по друго – вели Силверман.

Тој додаде дека ваквиот вид докази бараат и стручно испитување за да се утврди дали отпечатоците на местото на злосторството и отпечатоците од базата на податоци се земени од ист прст.

Во светот постојат многу случаи во кои невини луѓе се погрешно осудени поради доказ од отпечаток од прсти.

Loading...

Related posts