Се враќа евтината струја преку ден

Владата на Република Македонија одлучи да ја врати евтината дневна струја на граѓаните. Со оваа одлука велат од таму, убедени се дека ќе се направи голем исчекор кон подобрување на економската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата.

Донесена е одлука да се даде препорака на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија веднаш да одржи работен состанок, со вклучување на претставници на ЕВН Македонија АД Скопје, Министерство за економија и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната ефтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и измена на Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи.

Loading...