Се враќа евтината тарифа за струјата

3496

Граѓаните ќе имаат можност да користат евтина тарифа по два часа секој ден и сабота како што тоа беше пред укинувањето на евтината тарифа, најави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Прашањето, како што рече, било разгледано и на Самитот во Трст на средбите со челниците на ЕУ и Европската енергетска заедница.

– Разговаравме како да ја реализираме оваа мерка без да бидат повредени правилата на Европската енергетска заедница.Постигнавме договор тоа да го реализираме- рече Анѓушев.

извор:скопје24

Loading...