Секоја година од небото „врнат риби“, многу објаснувања

Њујорк тајмс – Њујорк

Животот во Ла Јунион, малата заедница на перфиреијата на Јоро, земјоделски град во североцентрален Хондурас, не е лесен.

Сиромаштијата е заедничка, работни места ретки, големи семејства живеат во куќи од цигли од кал, а исхраната најчесто се состои од нешто повеќе од она што го одгледуваат тамошните жители – воглавно од пченка и мешункести растенија.

Но одвреме-навреме се случува нешто неверојатно, нешто што ги прави жителите на Ла унион многу посебни.

Од небото, велат тие, им врнат риби.

Се случува секоја година – барем по еднаш, а некогаш и повеќе пати – за време на доцна прилет или на почетокот на летото. И само во специфични услови: ненадејни кратки обилни дождови, со грмотевици и молњи, услови кои се толку интензивни што тогаш никој не се осмелува да излезе надвор.

Кога невремето ќе помине, селаните земаат кофи и корпи и тргнуваат кон патот кај поплавените пасишта каде земјата е покриена со стотици мали сребрени рипчиња.

За некои, тоа е единствениот пат во годината кога имаат шанса да јадат морска храна.

– Тоа е чудо, објаснува 45-годишниот земјоделец Лусио Перез, кој живее во комуната Ла унион веќе 17 години. „Тоа го сметаме како благослов од Бога“.

Перез слушнал повеќе научни теории за овој феномен. „Секоја е загадочна и неверодостојна“, вели тој.

– Не, нема објаснување, додава тој и одмавнува со главата. „Она што го гледаме тука во Јоро е дека овие риби се пратени од раката на Бога“.

Овој феномен се случува во и околу гратчето веќе со генерации, велат жителите, но одвреме навреме ги менува локациите. Во Ла унион дошло пред една деценија.

– Никој не смета дека врнат риби, вели 75-годишната Клаудија Гарај која со својот сопруг Естебан Лазаро одгледала девет деца во нивниот скромен дом во Ла унион. „Но сепак врнат риби“.

Некои жители го припишуваат феноменот на молитвите на Мануел де Хесус Субирана, католички мисионер од Шпанија кој во средината на 19-иот век го молел Бога да помогне во сиромаштијата и гладта во регионот на Јоро. Наскоро откако почнал да се моли, вели легендата, почнале да врнат риби.

Остатоците на Субирана се закопани во централната католичка црква во градот, на главниот плоштад во Јоро.

– Луѓето многу го сакаат, вели Хозе Ригоберто Урбина Веласкез, општинскиот менаџер во Јоро. „Има толку приказни поврзани со него што и ова нема да ве изненади“.

Оние жители кои и веруваат на науката наведуваат дека рибите можеби живееле во подземните водени текови или пештери. Овие места за време на поројните дождови често се поплавени, и водата ги исфрла рибите на површината на земјата. Кога дождовите ќе сопрат и водата ќе почне да се повлекува, рибите остануваат на почвата.

Една друга теорија вели дека водените-ветерни ги вшмукуваат рибите од блиските водени басени – можеби дури и од Атланскиот Океан, кој е 45 милји оддалечен – и ги исфрла во Јоро. (Во тој случај, рибите навистина ќе паѓаат од небото, но оваа хипотеза не објаснува како воздушните вртлози секогаш одат по истите патишта година по година).
Ако некој и направил вистинска научна студија за тоа што се случува тука, за тоа никој не знае. Во секој случај, голем дел од луѓето тука и не би сакале да го знаат тоа.

За нив, религијата го овозможува неопходното објаснување.

– Тука луѓето се многу побожни, вели Урбина кои е повеќе наклонет кон научните објаснувања за овој феномен.„Не можете да им кажете НЕ, затоа што многу ќе се налутат“.

Всушност, никој и не видел како риби паѓаат од небото, ноп населението вели дека е така затоа што никој не се осмелува да излезе од дома додека траат овие силни невремиња кои ги донесуваат рибите.
-Тоа е тајна која само Бог ја знае, вели Ауделина Хернандез Гонзалес, свептеник во една од четирите евангелистички цркви во Ла унион. „Тоа е голем благослов затоа што тоа доаѓа од небото. Гледајте, луѓето кои најмалку можат да јадат риба сега можат да јадат риба“, продолжува таа.

Жетвата станува локална работа за сите нешто повеќе од 200 домови во Ла унион, и сите учествуваат и ја делат. Оние кои најмногу ќе соберат им даваат на семејствата кои не можат да излезат во полињата на време да го собереат својот дел, вели пасторот.

Забрането е тргување со уловот. „Не смее да се продава благословот од Бога“, објаснува таа.

Феноменот стана многу познат во идентитетот на Јоро и неговите жители кои бројат околу 93,000 души.

– За нас ова е извор на гордост, вели 65-годишниот Луис Антонио Варела Муриљо, кој целиот живот живее во овој град. „Кога се претставуваме себеси, кажуваме дека сме од местото каде врнат риби“.
– Она што не ни се допаѓа е дека многу луѓе не веруваат, велат дека ова е чисто суеверие“, дополнува тој.

Скоро две децении оваа појава се слави на фестивал секоја година, кој вклучува парада и уличен карневал. Младите жени се натпреваруваат да бидат избрани за Госпоѓица на дождот од риби; победничката стои на челот на парадата облечена како сирена.

Но, освен фестивалот не постојат други знаци во градот за централната важност на овој феномен: нема споменици, обележја, нема сувенири во облик на риби во продавниците во градот.

Урбина вели дека претходната општинска власт имала златна шанса да направи нешто значајно. Планерите изцртале дизајн за фонтана која навечер ќе биде осветлена.

Но на предвиденото место за фонтаната, властите подигнале скулптура на печурка – по што многумина останле збунети.

– Не знам што се случи, но одеднаш се појави печурка, рече Урбина.

Дури и кога локалните власти не го гледаат маркетиншкиот потенцијал на дождот од риби, Католичката црква тоа не го пропушта.

Во 2007 година, канцеларијата на језуитите од Сент Луис органзиирала кампања за собирање средства, а на аукција имало и писмо наводно поврзано со дождот од риби.

– Секој дар, секоја молитва, е како една од оние „пекес“ кои ги наоѓаме секоја година по дождот од риби, стои во писмото каде се користи. „И секој од овие благослови, без разлика колку се големи или мали, ќе го донесе топлку потребното олеснување за оние на кои најмногу им треба“.

Језуитите одамна имаат своја мисија во Јоро.
Пречесниот Џон Вилмеринг, еден од сегашните свештеници во мисијата, е американец од Сент Луис кој живее во Хондурас веќе 49 години, а поголемиот дел од тоа во Јоро.

Кога првпат дошол во регионот на Јоро, населението било воглавно католици. Но оттогаш, Католичката црква почнала да го губи влијанието, објаснува тој. „Сега населението се една третина католици, а остатокот се евангелисти и оние кои не претпочитаат никаква религија“.

Тој е претпазлив на темата за дождот од риби, и остава многу простор за религиозните објаснувања кои ги даваат локалните жители.

– Мислам дека повеќето луѓе кои сакаат да истражуваат ќе речат дека постои научно објаснување за ова, рече тој многу внимателно избирајќи ги зборовите.

– Но во отсуство на такви истражувања, дупката може да ја пополни верата, продолжува тој. „„Таа функционира со природните феномени, кога ви е тоа потребно“, вели тој и насмевка му се појавува на крајот на устата. „Мислам, Бог стои зад се“.

извор:А1он

Loading...