Села: Ако не се донесе законот за јазикот, ќе излеземе од Владата

1605

Лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села повтори дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата. Села дообјаснува дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се преземе. Не мисли дека е неопходно нацртот прво да оди на мислење во Венецијанската комисија, пренесе Алсат-М.

Во ребалансот на буџетот, според Села, се земени во предвид делови од политичката платформа на неговата партија.

Села денеска настапи на редовното партиско Собрание во Тетово каде, како што изјави, продолжува да го поддржува можното спојување на сите партии од Алијанса на Албанците во една.

Loading...