Сепак спектаклот ќе биде голем: Роналдо во Скопје, ќе игра против своите (ФОТО)

Иако по Купот на конфедерации кое се одржа ова лето, Роналдо замина на одмор по напорната сезона, тој сепак се враќа во таборот на Реал, каде за кратко сака да се подготви и да игра против својот Манчестер Јунајтед, клуб кој некогаш го вивна на европската сцена.

На 8. е закажан УЕФА Супер купот, а Скопје ќе ја има честа да биде домаќин, на спектаклот кој и неможеше да биде поголем, од тоа да ги прими двете најголеми европски клубови во нашата држава.

Роналдо најавува дека сака да тренира неколку дена со полна пареа, со цел да го достигне играчкото темпо пред Суперкупот во Скопје, бидејки сакал да биде дел од тоа.

Беше најавувано дека дури Роналдо и нема да дојде во Скопје, поради се уште отпочнатиот одмор, но не само што тој ќе биде дел од официјалниот протокол во Скопје, туку тој сака набрзина да се подготви и да стапне на тревникот на арената „Филип Втори“, што сигурно ќе биде големо уживање за фановите кои ќе го следат мечот во живо.

 

Loading...