Серија грабежи во Скопје – на мета „Спорт Лајф“, аптека и казино

241

Вчера, во 13,45 часот, во с.Волково-Скопје, во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, непознат сторител маскиран и со закана со пиштол, од вработениот одзел околу 39.000 денари од дневниот промет. Увид на лице место извршила
екипа од СВР-Скопје, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Истиот ден околу 15,40 часот, во Скопје, во аптека „Хербал“ лоцирана во рамки на Поликлиника „Бит Пазар“, непознат сторител со закана со пиштол од вработената одзел околу 18.000 денари од дневниот промет. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.
Третиот грабеж е извршен ноќеска пак околу 01,00 часот, во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“, во казино „Сенатор“, маскиран сторител со закана со пиштол од вработената одзел засега неутврдена сума пари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
извор:сителтв
Loading...