Северниот дел од Скопје ќе добие нова патна врска со Центар (фото)

857

Новиот дел од булеварот „Христијан Тодровски Карпош“ се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри.

– Ова е првиот новопроектиран булевар којшто се реализира на територијата на Скопје по подолг период, додека преостанатите беа проширување на постојните улици. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, ќе има 6 сообраќајни ленти од по 3,5 метри, а ќе има и велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. По должината на булеварот ќе има пешачки патеки од двете страни со променлива ширина, како и средишно зеленило. На новиот булевар ќе биде поставено и ново улично осветлување, односно ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација – кажа градоначалникот Трајановски.

Реализацијата на овој проект тече според предвидената динамика, а денеска започна асфалтирањето на една делницата на овој булевар. Градоначалникот Трајановски најави дека очекува градежните работи на овој капитален проект да бидат завршени во текот на оваа година.

– Сметам дека Скопје ќе добие нов, модерен булевар, која ќе биде од големо значење за подобрување на сообраќајните врски и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Новопроектираниот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде од исклучителна важност за општините Бутел и Чаир и сите оние што гравитираат во овој дел од градот, особено по неговата целосна изградба во втората фаза, со која ќе го продолжиме пробивањето на булеварот и ќе го поврземе со обиколницата. Со неговата реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за улицата „Бутелска“, којашто во моментов е единствената сообраќајница која поминува низ Бутел и на истата се создава голем сообраќаен метеж – изјави Трајановски.

извор:скопјеинфо

Loading...