Шанса за работа: Во Чешка итно бараат 140.000 работници

767
1
Чешката влада проценува дека на економијата и недостасуваат околу 140.000 работници кои претпријатијата се принудени да ги бараат во странство, најчесто преку посреднички агенции, пред се во Украина, но и на Балканот.

Стапката на невработеност во Чешка се намалила во текот на јуни од 4,1 на 1 процент, а на едно работно место доаѓаат по просек 1,6 кандидати.

Тоа е најмала стапка на невработеност во последните 19 години, соопштило денес националното Биро за работа.

Во однос на истиот период од минатата година, невработенста е намалена за 1,2 проценти и Чешка во тој показател веќе во мај била најдобра во цела Европска унија.

Бироата за работа во Чешка кон крајот на јуни нуделе 183.000 слободни работни места, што е за 49.561 повеќе отколку во јуни 2016. година, а на едно слободно работно место доаѓаат по 1,6 невработени.

И натаму се присутни регионални разлики. Кога станува збор за Прага, невработеноста паднала на 1,2 проценти, додека на северот на Чешка во некои градови достигнува 10 проценти, а од региониоте најголема невработеност има во регионот Усти над Лабом, исто така на север, каде невработеноста достигнува 6,4 проценти.

“На пазарот за работа пред се влијае економскиот раст и растот на индустриското производство и сезонските работи кои се во полн ек”, навеле од Бирото за работа во соопштението.

Чешките претпријатија последните месеци се жалат дека не можат да најдат нови работници и дека им се заканува да ги изгубат странските нарачки, бидејќи ако не вработат дополнителен број на луѓе нема да може да произведат се за договорените работи.

извор: точка

АКЦИЈА