Шчербак: Русија нема да се меша во внатрешните работи на Македонија

Во текот на 24 – годишните дипломатски односи меѓу двете земји, Руската федерација никогаш не се замешала во внатрешните работи на Република Македонија. Напротив, дијалогот меѓу Македонија и Русија го карактеризира одржливото партнерство и повеќевековно пријателство, одговори дипломатски рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак на прашањето како како ги коментира преговорите за името со цел што побрза интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Руската федерација се залага за сеопфатен развој на соработката во сите сфери, рече рускиот амбасадор во земјава и порача дека степенот на развој на односите помеѓу двете земји зависи од Република Македонија.

Амбасадорот Шчербак од пред Рускиот крст во Битола цитираше и мисла на рускиот канцелар Александар Горчаков од 19-тиот век според која надежите на браќата – словени на Русија се како гравитација од која никој не може да се ослободи и дека истата постои независно од нашиот однос кон неа. Споменикот е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој е убиен во Битола пред 115 години.

Loading...